недела, 17 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: Клуб на пратеници | 32 резултати

Столтенберг денеска доаѓа во дводневна посета на Македонија

септември 5, 2018

Денеска, во дводневна официјална посета на Македонија, доаѓа генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг кој треба да има средби со премиерот Зоран Заев, со министерката за одбрана Радмила Шекеринска, претседателот Ѓорге Иванов, претседателот на Собранието, Талат Џафери и други високи официјални претставници. Столтенберг ќе слета вечерва, а ќе го пречека министерката Шекеринска. Средбата со Заев ќе […]

Мицкоски: Да превенираме каков било обид да се изигра волјата на граѓаните

јули 19, 2018

По четиричасовната лидерска средба во Клубот на пратеници, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски рече дека лидерите на четирите најголеми политички партии за некои од прашањата имаат приближување на ставовите, а за некои немаат. Тој апелираше вистинските европски вредности да бидат реални, а не декларативни и дека сите партии треба да се однесуваат според тие вредности. […]

Заев: Компромиси за стратешките цели нема, разговорите продолжуваат в недела

јули 19, 2018

За некои прашања полесно се договараме за некои потешко, разговорите ќе продолжат или в недела вечер или в понеделник сабајле, кога очекувам да се најде конкретно решение за формирање на ДИК и за референдумот, изјави премиерот Зоран Заев по лидерската средба во Клубот на пратеници. – Долги се разговорите за референдумот и за ДИК, но […]

Владата жали што поради безбедносни постапки имало непријатности за фоторепортерите

јули 19, 2018

Владата соопшти дека со внимание ги прифатила и анализирала реакциите по инцидентот со фоторепортерите вчера при лидерската средба во Клубот на пратениците и нагласува дека се спроведувале безбедносните насоки, изразувајќи жалење што поради тоа фоторепортери биле оневозможени да работат. „Водена од врвниот принцип да го почитува и да го овозможува правото на медиумите за непречено, […]

Почна лидерската средба во Клубот на пратеници

јули 19, 2018

Со половина час задоцнување, започна лидерската средба помеѓу лидерите на владејачкото мнозинство и лидерите на опозицијата од македонскиот и албанскиот политички блок. На средбата присуствуваат премиерот Зоран Заев, придружуван од вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, лидерот на ДУИ, Али Ахмети со вицепремиерот за економски прашања Бујар Османи, лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски […]

ААВМУ и СЕММ бараат да престане арогантното и недолично однесување кон медиумските работници

јули 19, 2018

По вчерашниот инцидент со тројца фоторепортери на лидерската средба во Клубот на пратениците, со осуда се огласија и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) и  Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ). Двете тела побараа да се стори сè да им се овозможи на медиумските професионалци да ја извршуваат својата работа и […]

ССНМ и ВМРО-ДПМНЕ реагираат за инцидентот со фоторепортерите, Забрчанец со друга верзија

јули 19, 2018

Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници (ССНМ) и ВМРО-ДПМНЕ остро реагираа на, како што велат, „спречувањето на тројца фоторепортери да си ја извршуваат својата работа“ на лидерската средба во Клубот на пратениците, нарекувајќи го однесувањето на претставниците на власта „непримерно и израз на ароганција“. Од владата пак одговорија дека станува збор за несоработка од […]

Денеска нова лидерска средба во Клубот на пратеници во 12 часот, но во потесен состав

јули 19, 2018

Премиерот Зоран Заева синоќа најави нова лидерска средба денеска напладне во Клубот на пратеници, но овој пат на четирите најголеми политички партии, така како што бараше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој синоќа ја напушти лидерска средба еден час по почнувањето. – Сите што останавме на лидерската средба сме за успешен референдум, а однесувањето на Мицкоски […]

Заев лидерската ја закажа во Клубот на пратеници, денеска во 18 часот

јули 18, 2018

Претседателот на Владата и претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Зоран Заев, закажа лидерска средба за утре во Клуб на пратеници во 18 часот, информираат од Владата. „Заради исклучителниот политички момент кој наложува проширување на институционалната рамка на лидерските состаноци, на оваа средба во формат 1+1 (лидерот на партијата плус уште еден претставник на политичката […]

Заев: Оптимист сум дека е можен национален консензус за прашањето за името

јануари 28, 2018

Јас сум оптимист дека е можно да се најде национален консензус по ова важно прашање, изјави премиерот Зоран Заев по петчасовниот координативен состанок на државно-политичкиот врв на кој беа разгледувани предлозите на медијаторот Метју Нимиц за решавање на спорот за името. – Вечерва имавме информативна средба на политичките претставници на која беа презентирани и дискутирани […]

Почна координативниот состанок на државниот врв за предлозите на Нимиц

јануари 27, 2018

Почна координативниот состанок на државниот врв на кој ќе се разгледува иницијалната рамка за решавање на спорот за името, која ја предложи медијаторот Метју Нимиц. Во Клубот на пратеници пристигнаа претседателот Ѓорге Иванов, со двајца претставници на неговиот кабинет, премиерот Зоран Заев заедно со министрите за одбрана и за надворешни работи, Радмила Шекеринска и Никола […]

Државниот врв денеска на координативен состанок за предлозите на Нимиц

јануари 27, 2018

Државниот врв денеска на координативен состанок ќе ја разгледува иницијалната рамка за решавање на спорот за името, која ја предложи медијаторот Метју Нимиц. Состанокот, кој вчера и официјално беше најавен од Министерството за надворешни работи, ќе се одржи во 18 часот, во Клубот на пратениците. На состанокот ќе учествуваат претседателот на државата Ѓорѓе Иванов, премиерот […]

Полицијата чува 3.570 вреќи со избирачки материјал во Клубот на пратеници

декември 12, 2016

Во Клубот на пратеници, под силно полициско обезбедување се наоѓаат 3.570 вреќи со избирачки материјал. Синоќа по завршувањето на изборите, па сè до денеска, вреќите со избирачките ливчиња и другиот материјал за гласање од сите гласачки места се носат во Клубот на пратеници, каде што комисија на ДИК прави записници. Долж булеварот Теодосиј Гологанов има голем […]

Преговорите на политичките партии продолжуваат во Клуб на пратеници

јули 19, 2016

Преговорите на политичките партии потписнички на Договорот од Пржино, денеска во 12 часот продолжуваат во Клубот на пратеници во Скопје. Се очекува да се разговара за последното отворено прашање, односно ингеренциите на министерот за внатрешни работи. Преговорите синоќа, пак, завршија без договор. Амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли, по средбата истакна дека на маса има […]

Вонредна лидерска средба пред објавувањето на оцената за условите за избори

февруари 21, 2016

Лидерите на политички партии потписнички на Договорот од Пржино, во моментов се во Клубот на пратеници каде од 15 часот е закажана вонредна лидерска средба. На средбата, од засега непознати причини, не е присутен лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, додека претседателите на СДСМ, ДУИ и на ДПА се во Клубот на пратеници, каде повеќе од […]

Ванхауте: Проблем се составот на Агенцијата за медиуми и владините реклами

февруари 17, 2016

Белгискиот посредник, Питер Ванхауте, пред почетокот на денешната средба на работните групи во Клубот на пратеници, на која се преговара за медиумите, рече дека ситуацијата никогаш не е безнадежна и дека преговорите ќе продолжат. – ВМРО-ДПМНЕ денеска имаше консултации и наскоро ќе видиме дали има компромис и ако нема, дали ќе може да се постигне. […]

Денеска во 13 часот средба на работните групи за медиуми

февруари 11, 2016

Работната група за реформа во медиумите денеска во 13 часот ќе одржи средба во Клубот на пратеници. Последна средба на работните групи се одржа во четвртокот, а преговорите се закочени од петокот, откако на билатералните средби со белгискиот олеснуваач Питер Ванхауте, преговарачите му ги повториле црвените линии од кои немаат намера да отстапат. На последната […]

Димовски: Предлогот на СДСМ за медиумите е „Гаргамел-закон“

февруари 4, 2016

ВМРО-ДПМНЕ го отфрли предлог-законот за медиуми кој СДСМ вчера го предложи на политичките партии потписнички на Договорот од Пржино. Според Илија Димовски, член на преговарачкиот тим на ВМРО-ДПМНЕ, овој закон е противуставен, неевропски и го нема во ниту една држава во светот. – Со законот на СДСМ се предвидува зголемување на казните за медиумите. Исто […]

Ванхауте: Избори на кои не учествуваат сите политички партии се проблематични избори

јануари 27, 2016

Белгискиот олеснувач Питер Ванхауте денеска, пред почетокот на средбата на работните групи во Клубот на пратеници, рече дека, според него, можно е да се постигне договор за законот за медиуми и дека е добро што политичките партии даваат свои предлози, кои не се конечни решенија, туку само предлози. Тој потврди дека со некои од предлозите […]

Ванхауте: Едностраната одлука да се оди на избори ја уништи довербата во процесот

јануари 21, 2016

Немам чувство дека партиите сакаат понатаму заедно да работат и да се обидуваат заеднички да ги постигнат целите, изјави белгискиот олеснувач во преговорите за Договорот од Пржино, Питер Ванхауте, пред вчерашната средба на работните групи во Клубот на пратеници, која почна околу 18 часот. Како главна причина за ваквата состојба, Ванхауте го посочи датумот на изборите, […]

Страна 1 од 2