Фото: Mufid Majnun на Unsplash

Според податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.007 тестирања, а се регистрирани 43 нови случаи на ковид-19 од: Скопје – 24, Куманово – 5, Битола и Охрид – по 3, Прилеп, Тетово и Кичево – по 2, Гевгелија и Виница – по 1.

Регистрирани се 48 оздравени пациенти од: Скопје – 17, Прилеп – 6, Битола – 5, Охрид – 4, Штип, Струга и Ресен – по 3, Куманово,Тетово, Виница, Гостивар, Струмица, Кочани и Пробиштип – по 1.

Пријавени се вкупно 6 починати лица: 2 лица од Скопје (67 и 86) и по едно лице од Битола (79), Куманово (81), Тетово (73) и Велес (66). Од пријавените, 2 лица се починати во домашни, а останатите 4 во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 802.272 тестирања на ковид-19, вкупната бројка на дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 155.345, на оздравени пациенти е 148.846, на починати е 5.429, а бројот на активни случаи изнесува 1.070, информира Министерството за здравство.