fbpx

Нови 404 случаи на ковид-19 од 2.727 тестирања, оздравени 101, а починати осум лица

-

Министерството за здравство информира, дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2.727 тестирања, а регистрирани се 404 нови случаи на ковид-19 во: Скопје – 180, Охрид – 32 , Кавадарци -19, Куманово – 16, Битола ,Струмица и Струга по 15, Прилеп – 11, Тетово -10 , Велес – 9, Штип – 8, Дебар и Ресен по 7, Кочани, Гевгелија и Делчево по 6, Гостивар – 5 , Кичево, Неготино, Крива Паланка, Радовиш, Берово, Пробиштип и Валандово по 4, , Крушево – 2 , Свети Николе, Демир Хисар , Македонски Брод , Кратово, Македонска Каменица и Дојран по 1.

Регистрирани се 101 оздравени пациенти од Скопје – 39, Велес -10, Ресен и Куманово по 9, Гостивар 6, Битола и Кичево по 5, Струмица – 3, Прилеп, Штип, Кавадарци, Свети Николе и Неготино по 2, Тетово, Крива Паланка, Пробиштип, Демир Хисар и Македонски Брод по 1.

Пријавени се вкупно осум починати лица. Починати се 2 пациенти од Скопје(53, 60г), по еден смртен случај е регистриран од Штип (70г), Струга (88г), Струмица (55г), Дебар (67г), Радовиш(79г) и Берово (83г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 94.599, бројката на оздравени пациенти е 83.735, на починати е 2.916, а бројот на активни случаи изнесува 7.948.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...