fbpx

Нова демократија пред СИРИЗА според медиумската анкета во Грција

-

Предност од 12,5 отсто на десничарите Нова демократија пред СИРИЗА покажува новата анкета на солунскиот универзитет „Македониа“ за телевизијата „Скаj“. Десничарите, според анкетата, имаат поддршка од 28,5 отсто од гласачите, додека СИРИЗА ја подржале само 16 отсто.

Ултрадесничарската и неонацистичка Златна зора и понатаму е на третото место со стабилна поддршка од 7,5 отсто, а потоа следуваат Комунистичката партија со 5,5 отсто и ПАСОК со 4,5 отсто од гласовите на испитаниците.

Анкетата покажува голема разочараност и песимизам кај гласачите и кај поддржувачите на владејачката партија. Седум од 10 гласачи на СИРИЗА, односно 73,5 отсто велат дека се незадоволни од работата на владата, а 40,5 отсто сметаат дека партијата веќе нема што да ѝ понуди на државата. Од сите испитаници, 86,5 отсто велат дека се незадоволни од работата на владата.

Извори од владиниот кабинет по анкетите што се објавуваат во медиумите последниве денови само коментираат дека во изминатите две години, за време на парламентарните избори и референдумот, медиумските анкети најавуваа фијаско на СИРИЗА, а конечните резултати ги побија прогнозите од анкетите, додавајќи дека избори ќе има регуларно, по истекот на четиригодишниот мандат на партијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...