fbpx

Кристалина Георгиева: Потребни се реформи во Обединетите нации

-

Еврокомесарот Кристалина Георгиева, која е кандидат на Бугарија за генерален секретар на Обединетите нации, се обрати на Генералното собрание на организацијата.

Таа истакна дека додека работела во Светска банка и во Европската комисија, имала можност да направи длабоки промени и реформи во различни сектори.

– ООН мора да биде ефикасна и иновативна организација и мора подобро да го рефлектира светот каков што е – рече Георгиева, која говореше околу два часа и додаде дека мора да се најдат брзи решенија за светот кој брзо се менува – од економските проблеми до проблемите со глобалното затоплување.

– Можам да ги обединам луѓето околу решенија кои сите мора да ги поддржиме. Ова е време на неизвесност, но, исто така, и време за храброст. Не можеме да попуштиме пред екстремната сиромаштија. Не смееме да се предадеме пред климатските промени. Не смееме да потклекнеме пред конфликтите. Ако ја имам честа да ја водам оваа организација, ќе го направам тоа со независност, единство, сочувство и со ревност за резултати – посочи Георгиева.

Прашана за бегалската криза, Георгиева рече дека во овој несигурен свет никој не може да биде сигурен дали утре ќе биде бегалец или не.

За да биде избран, новиот генерален секретар на ОН треба да има барем девет гласа „за“ од 15 земји и ниту еден глас „против“ од петте постојани членки – Велика Британија, Кина, Русија, САД и Франција.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

САД изрече стотици нови санкции насочени кон Русија

Американското министерство за финансии вчера изрече стотици нови санкции насочени кон Русија поради војната во Украина, како и санкции за компании и поединци во  земји како Кина, Белгија и...