fbpx

Николовски: Сопственикот на „Сител“ добивал тендери во Министерството за земјоделство

-

Дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска одржа прес-конференција на која обвини дека Љубислав Иванов-Ѕинго, сопственикот на телевизијата „Сител“, преку тендери во Министертвото добил половина милион евра за чистење канали за одводнување и за наводнување.

„Овие официјални податоци на Бирото за јавни набавки го потврдуваат токму тоа. Фирмата „Силекс неметали“, во сопственост на „Силекс АД Кратово“, е една од фирмите што склучила договор со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за чистење на каналите за одводнување и за наводнување за околу 28 милиони денари или близу половина милион евра. Има и официјални податоци од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и на руралниот развој кои потврдуваат дека на фирмата „Силекс неметали“ ѝ биле исплатени околу 23 милиони денари, за чистење на каналите за одводнување и за наводнување за 2014 година. Апсурдно, според официјални податоци на истата агенција, следната 2015 година, за штети од поплави поради неисчистени канали ѝ се исплатени повеќе од 5 милиони евра“, вели Николовски.

Тој објаснува дека во истиот период кога фирмата „Силекс неметали“ го добила тендерот, министер за земјоделство бил токму Михаил Цевтков, кој во исто време е и член на управниот одбор во „Силекс АД Кратово“.

Николовски вели дека не е доволно Цветков да даде оставка, туку ДКСК треба веднаш да покрене постапки, истраги и да бара одговорност.

„Додека земјоделците мака мачеле со поплавите во Македонија, нивните пари се злоупотребувале за зајакнување на медиумскиот мрак што го создаде „фамилијата“ и за црните кампањи против опозицијата. Во министерство раководено од кадри на Ѕинго, милиони се префрлаат во фирми токму на Ѕинго. Системскиот криминал на „фамилијата“ не познава граници. Ова е класичен пример за корупција на медиумите. Затоа Груевски не сака слободни медиуми и бега од слободни, фер и демократски избори“, вели Николовски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Борел и Вархеји: Изборите беа демократски спроведени

Во заедничка изјава, потпретседателот на Европската комисија и висок претставник на Европска Унија за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји го поздравуваат...