fbpx

Невладините бараат поголем буџет за Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

-

Мрежата за заштита од дискриминација бара зголемување на Предлог-буџетот за Комисијата за спречување и заштита од дискриминација за 2022 година, со што ќе се обезбеди нејзина функционална независност и непречено и сеопфатно функционирање, со цел грижа за маргинализираните граѓани.

Тие велат дека во предложениот државен буџет за догодина е испланиран речиси истиот буџет на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) споредено со 2021 година, кога во неговата подготовка не учествуваа претставници на КСЗД.

„Усвоениот Предлог-буџет за КСЗД предвидува 15.320.000 денари, расчленети во неколку ставки. Особено загрижува тоа што во Предлог-буџетот не се испланирани средства за спроведување на активности од страна на КСЗД во насока на промовирање на принципот на еднаквост и ефективно спречување и заштита од дискриминација“, се наведува во соопштението на Мрежата за заштита од дискриминација.

Мрежата за заштита од дискриминација потсетува дека во изминатиов период бевме сведоци на случаи на расно профилирање и полициска бруталност врз Роми, ограничување на пристапот до здравствена заштита, повикување и поттикнување дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет, кршење на правата на текстилните работнички итн.

Оттука, Мрежата за заштита од дискриминација цени дека функционалната независност на КСЗД треба да биде загарантирана, преку овозможување на соодветни финансиски ресурси за нејзино непречено и сеопфатно функционирање, што е потенцирано и од Европската комисија.

„Предвидениот буџет за КСЗД во Предлог-законот за буџетот на РСМ за 2022 година е манифестација на системската негрижа за најранливите групи граѓани. Малиот буџет кој не соодветствува на потребите и надлежностите на Комисијата, најмногу ќе се одрази на овие групи граѓани кои се најподложни на дискриминација“, велат тие.

Затоа, Мрежата за заштита од дискриминација бара изразување на политичка волја за дејствување во насока на унапредување на принципот на еднаквост со тоа што парламентарните претставници ќе го ревидираат Предлог-буџетот за КСЗД и ќе биде зголемен според потребите и надлежностите на КСЗД, а потоа и усвоен.

Во услови на бројни логистички и финансиски предизвици со кои се соочува КСЗД, Мрежата во неколку наврати повика на неопходноста од зголемување на буџетот преку објективни критериуми согласно надлежностите и соодветна поддршка од клучните институции. Токму нискиот буџет, недоволните и несоодветно распределените финансиски средства за остварување на надлежностите, ја загрозуваат самостојноста и независноста на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...