fbpx

Пендаровски: Полска ја разбира позицијата во која се наоѓаме и прави напори да помогне

-

„Полска покажува големо разбирање за позицијата во која се наоѓаме и прави напори да помогне во надминување на препреките со кои се соочуваме и тоа не само билатерално, туку и преку Вишеградската група како и преку другите регионални форуми во кои членува“, рече претседателот Стево Пендаровски на заедничката прес-конференција во Вилата Водно, со претседателот на Република Полска, Анджеј Дуда.

Анджеј Дуда, кој денес престојува во официјална посета на Република Северна Македонија беше дочекан со највисоки државни и воени почести.

Двајцата претседатели одржаа тет-а-тет средба, по што следуваше пленарен состанок на двете делегации.

Во фокусот на разговорите се севкупните билатерални односи меѓу Република Северна Македонија и Република Полска, европската интеграција на земјава во Европската Унија, како и состојбите во поширокиот регион и Европа.

За време на официјалната посета, претседателот Дуда е придружуван од неговата сопруга, Агата Корнхаузер-Дуда.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...