fbpx

Ненормални, рекетари, хохштаплери, идиоти: Кој си збори за себе си збори!

-

Од почетокот на објавувањето на „бомбите“ од опозицијата, во снимките од прислушуваните разговори јавноста слушна доста валкани епитети, пакосни атрубити, навреди и пцости што функционери на власта ги адресираат до своите политички опоненти, си ги делеа меѓусебе, но не ги поштедија ниту новинарите, кои покрај тоа што се (треба да бидат седма сила), секој месец издвојуваат дел од своите месечни примања, благодарение на кои државните службеници секој месец земаат плата.

На снимките од прислушуваните мобилни телефони, за кои сметките им ги плаќаат и новинарите, владините функционери за нив зборуваа дека се ненормалнирекетари, хохштаплери, идиоти, ѓубриња, „таленти“, корумпирани, лажови, „експерти“, пијаници, шпиони

Новинарите кои се најдоа во „сочниот јазик“ на функционерите велат дека тоа е непочитување кон новинарската бранша.

Томислав Кежаровски („идиот“) вели дека начинот на кој зборуваат функционерите е одраз на домашно воспитување. Тој вели дека колку и да постоела разединетост меѓу новинарите, никогаш не слушнал новинарите на тој начин да се навредуваат меѓу себе.

– Јас сум горд што имам пријатели и колеги „морони“, „дебили“, „пијаници“. Она што го слушаме во „бомбите“ покажува дека функционерите воопшто не ги почитуваат новинарите и новинарската бранша. Ако поранешен новинар не ги почитува своите поранешни колеги или, пак, полицаец не си ги почитува колегите, тогаш тоа говори повеќе за нив – вели Кежаровски.

Билјана Секуловска („дебил“, „комуњарка“), која исто така имаше „чест“ да се најде во разговорите на функционерите, не е воопшто изненадена од тоа што го слушнала во „бомбите“.

– Навредите не се изненадување ако ја имате предвид историјата на комуникацијата меѓу актерите во „бомбите“ – високите функционери на власта. Сетете се само на „човечиња“, „идиоти“, „Цигани“, „Шиптари“ и „копилиња“. Не само за новинарите, полицијата, гласачите, туку и за нивните најблиски соработници. Во вчерашната „бомба“, навредите се најмало зло. Она што е шокантно е криењето докази за загинувањето на Никола Младенов, незаинтересираност на истрагата, бесчувствителност, смеење кое е препознатливо за секоја „бомба“ во која може да се слушне изживување, радост за малтретирање, садизам и бескрупулозност – вели Секуловска.

Жанета Трајковска („експерт“) вели дека мора да се направи разлика дека станува збор за приватни муабети во кои луѓето отворено кажуваат што мислат. Но, според начинот на кој зборуваат за новинарството и за новинарите, може да се види нивниот став кон новинарите и кон медиумите.

Според Зоран Димитровски, примитивниот речник кој функционерите го употребуваат за новинарите го слушаме во другите „бомби“.

– Така тие ги третираат и критичките новинари, ги гледаат како душмани и ги честат со најпогрдни зборови. Новинарите за нив се обични џандари – позорникари, ретко „началници“ на кои тие им даваат пендреци, гумени куршуми, шок-бомби за да стрелаат во нивните политички непријатели. Багра… – вели Димитровски.

Навреди и валкани квалификации можеа да се слушнат во разговорите објавени на вчерашната прес-конференција на лидерот на опозицијата, Зоран Заев, во кои Мартин Протоѓер, Гордана Јанкулоска, портпаролот на МВР, Иво Котевски, Влатко Мијалков, зборуваат за Никола Младенов, по неговата погибија.

Еве дел од навредите со кои функционерите ги ословуваат новинарите во нивните приватни разговори.

Протуѓер: Мислам, Бог да го прости, беше корумпиран, беше све тој човек бе. Рекетар, преварант, хоштаплер, лажов, што нема пишувано за нас, најгрдите лаги.

Влатко Мијалков: Бог да го прости, ама зол чоек беше. Тропаше глупости, лажеше. И рекетар беше.

Иво Котевски: Да, за тоа ме прашуваа. Овие овде шпиуниве. Абе сообраќајката е, еве, до сега ме окапуваше ова експертов Жанета МИМ. Нема врска она за друго, ама, нели, сега сите се наоѓаат експерти за сообраќајни несреќи и тапанење. За утре Томче најавил, ќе видиме што ќе објави овој идиотов шо ни напраи проблем…
Оваа исто напињаше, дебилов Секуловска, дали работеле камерите у Ѓорче, не ѝ одговорив ништо… А утре може да прашаат, тоа не е искључено…

Котевски: Жанета од МИМ има многу поокеј став, не го става над овие три деца, нејзе ѝ е зашто стварно, ете, да речеме она работела некое време у „Фокус“, океј бил као колега, комуницирал, ајде придонел за независни медиуми, сè тоа не можеш да му го оспориш, ама да го праиш претседател на држава дека бил на ранг… Кој бе претседател, мислам кој му дал мандат на него…
Јанкулоска: Оф мори мајко, какви будали има…
Котевски: Ненормални еј… Не тоа е, скроз се слудени, затоа ти кажувам, тоа фејсбуци, твитери, све е тоа…
Јанкулоска: Абе ајде, комуњари проклети
Котевски: Нема врска он не е ни СДСМ… Ама со онакви поруки, Јани Макрадули нема утре децата да ти ги чува, виде ли шо се случи во Николче хахаха…онака… А иначе беше заебанцијата за на… за тогаш коа се деси за на коа му праеа комеморација, некој да иде само да го праша Геро, абе Геро гумине напумпани ти се? Хахахах…
Јанкулоска: хахахаха…
Котевски: И, демек, Геро да не знае да влезе у кола од параноја… Пошо е таков

Новинарите во негативен контекст од владините функционери беа споменати во „бомбата“ на опозицијата, посветена на партиските вработувања.

Протоѓер: Горде?

Јанкулоска: Кажи.

Протоѓер: А бе, ова огласот за МТВ…
Јанкулоска: Добро.
Протоѓер: Ја мислам да го поништиме. Зошто се полунормални луѓето што се вакво. И ние сега ако сакаме да ја јакнеме МТВ, да донесеме луѓе проверени, што ќе ги видиме, ќе знаеме кои се…
Јанкулоска: Е, па, овие се од комитети.
Протоѓер: …некоја Емче таму, некои вакви, знаеш, некои…не, не, анонимуси што… Ако е за вработување, тоа им викам, дај у „Водовод“ ќе ги вработиме, не може новинари да бидат.
Јанкулоска: Со луѓе што не се за таму. Може таа Емче за негде ја бива. Ха, ха.
Протоѓер: Емче може, Емче може во Фитосанитарна да иде.

Протоѓер: Аа. А бе што мислиш ти за оној Миле Ристески?
Јанкулоска: Кој беше тој?
Протоѓер: Од „А1“ што беше, МВР следеше мислам.
Јанкулоска: Ааа, Миле. А бе тоа добро чоече беше да ти кажам.
Протоѓер: Добро човече?
Јанкулоска: Само мислам дека беше западнат у лошо друштво.
Протоѓер: Сега сака да дојде до кај тебе, да баци рака и да влезе во МТВ.

Во „бомбата“ во која Котевски разговара со министерката Јанкулоска за прес-конференцијата по изборите во 2011 година, Котевски  за новинарката која праша за смртта на младо момче на плоштад за денот на изборите, вели дека „ е, ништо бе за оваа што праша, таа талентот“.

Зборувајќи за новинарката Лиле од МРТВ, Котевски ѝ вели на Јанкулоска дека МТВ се амбицираат емисии да прават, а Јанкуловска, пак, му вели „Абе ти кажав дека нема да прават. Сега, Лиле ако продолжи така, може да лета од МТВ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...