fbpx

Не знам зошто САД велат дека се најсилни, изјави Путин

-

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека не е толку изненаден од изјавите на Доналд Трамп за нуклеарното вооружување колку што го зачудуваат зборовите на администрацијата во заминување.

Според него, најавите на новоизбраниот претседател на САД за зајакнување на нуклеарниот арсенал се продолжение на тоа што го говорел во кампањата.

– Сепак, ме изненадува тоа што стигна како реакција од администрацијата на Обама. Не знам зошто сега тие инсистираат на тоа дека се најсилна воена сила на светот. Ние само велиме дека сме посилни од кој било агресор – рече Путин на годишната прес-конференцијата на која се акредитирани повеќе од 1.400 новинари.

Тој рече дека не е никаква тајна дека руската војска го унапредила нуклеарниот арсенал и на копнените сили и на морнарицата, како и на авијацијата и додаде дека постапуваат во согласност со нивните меѓународни обврски.

Во однос на промените на глобалната политичка сцена и „гласањето на народот против актуелните елити“, како во случајот со Брексит и со Доналд Трамп, Путин рече дека „постои јаз меѓу тоа што е добро и што е лошо кога станува збор за обичниот народ и за елитите“.

– Сите обиди да се обвини надворешен фактор за неуспехот на актуелната администрација и за водството на Демократската партија во САД… Дали сум виновен за тоа? Кај нив постојат системски проблеми. Фактот што многу гласачи на републиканците во Америка поддржале руски претседател, не е моја заслуга. Тоа ми кажува дека делиме исти погледи за глобалните предизвици, за тоа како треба да изгледа светскиот поредок, но и за традиционалните вредности. Тоа е добра основа за развој на односите – рече Путин, додавајќи дека Рузвелт ја обединил земјата, а администрацијата на Обама ја поделила и оти поради тоа мора да научат достоинствено да губат.

Говорејќи за Европската Унија, Путин рече дека за Русија е важна „јака и што понезависна Европа“.

– Ако е потребно да разговараме со трета земја за односите со ЕУ, тогаш и не е интересно да се разговара со Европа. Не е наша работа да ѝ кажуваме на Европа како да ги гради односите меѓу своите членки. Би сакале Европа да зборува во еден глас. Сакаме партнер со кој може да се разговара. Внатрешната структура на Европа не е прашање со кое би требало да се занимаваме – рече Путин.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...