Научниците се уште не можат да го откријат потеклото на овој феномен
Научниците се уште не можат да го откријат потеклото на овој феномен

Руски научници се спуштиле 16,5 метри во мистериозниот кратер на полуостровот Јамал во северен Сибир за да соберат повеќе информации за потеклото на овој феномен.
Директорот на рускиот Центар за арктички истражувања, Владимир Пушкарев, изјави дека на дното се наоѓа замрзнато езеро, кое според нивните претпоставки е длабоко околу 10 метри. И покрај сите истражувања направени досега, на научниците не им е јасно потеклото на овој кратер. Тие се надеваат дека резултатите од истражуањата ќе покажат како се формирал овој и слични вакви феномени. Тимот од научници собрале примероци од кратерот, од замрзнатото езеро на дното на кратерот, како и од воздухот во кратерот, кои ќе ги анализираат наредните месеци.