fbpx

Нападнато полициско возило во Санкт Петерсбург – двајца загинати

-

Двајца полицајци се убиени во рускиот град Санкт Петерсбург, кога непознати напаѓачи отвориле оган врз полициско возило.

Двајцата полицајци загинале, а третиот добил изгореници откако возилото се запалило.

Засега не се знае каде се наоѓаат напаѓачите и во тек е потера по нив.

Мотивот за нападот, исто така, сè уште не е утврден, иако според некои извештаи во руските медиуми, полицискиот автомобил следел возило со пари.

Локалниот портал „Фротанка“ објави дека напаѓачите украле пари од возилото, како и тоа дека во нападот учествувале три возила.

Порталот навел дека не е точно познато чии пари се пренесувале со возилото, иако има индиции дека може да ѝ припаѓаат на една градежна фирма.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...