fbpx

Хамачек: ЕУ не би била целосна без вас

-

Претседателот на чешкиот Дом на пратениците, Јан Хамачек, во своето обраќање пред пратениците во Македонија, рече дека не треба да нè вознемирува тоа што по 10 години кандидатски статус сè уште не сме почнале со пристапните преговори.

– Да, невообичаено е, но ЕУ веќе е таква – секој круг проширување е поинаков и специфичен. Унијата во која ќе влезете ќе биде сигурно многу поинаква од оваа денешната. Сите чешки влади го декларираа и го декларираат Западен Балкан како простор на чешките приоритетни интереси. Македонија е дел од овој регион и во него има не малечка задача. Без вас Европа не би била целосна – рече Хамачек.

Тој посочи дека не го крие своето жалење за тоа што се случи со поранешна Југославија, за која кажа дека била многу убава и меѓународно многу влијателна земја.

Задржувајќи се на евроинтеграциите, рече дека нивната земја влегла во ЕУ дури по седум години кандидатски статус, односно во 2011 година. Исто така, истакна дека внатрешно-политичките превирања и нестабилности, особено она што изгледа како меѓуетнички спор, само го продолжуваат македонскиот пат до Европа.

– Добро знаете дека зачленувањето во ЕУ зависи од вас, иако има и фактори врз кои не можете многу да влијаете – рече Хамачек.

Во однос на бегалската криза, Хамачек за Македонија рече дека се наоѓа, слично како и Србија, во бизарна ситуација, кога и покрај тоа што не е земја-членка на ЕУ, преку неа патуваат бегалци што доаѓаат од една земја-членка на Унијата.

Според Хамачек, Европа и ЕУ не беа подготвени за бегалската криза. Вишеградската група не го поддржа предлогот на Брисел за концентрирани задолжителни квоти.

Тој рече дека постои опасност да се зголеми порастот на исламофобијата, да се задлабочат стравовите на европската јавност од бегалците, кои се, главно, муслимани. За сето тоа, според него, се потребни нови решенија, пристапи и мерки.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...