fbpx

Напади на ИД во Сирија – 16 загинати

-

Најмалку 16 лица се убиени и 30 се ранети во бомбашките напади во градот Камешли на североистокот на Сирија, соопшти утринава сириската Опсерваторија за човекови права.

Припадниците на Исламска држава ја презедоа одговорноста за нападите што се случија синоќа.

– Има десетина мртви и повредени во бомбашките напади што ги изведоа борците на Исламска држава на повеќе места во Камешли – јавува агенцијата „Амак“, блиска до џихадистите.

Мета на нападите биле популарни ресторани во близина на турската и на ирачката граница. Локалите биле полни за време на нападите.

Опсерваторијата за човекови права навела дека рестораните во тој дел од градот се под контрола на силите на сирискиот режим.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.