fbpx

МВР со зајакнати мерки за Нова година и за Божиќ

-

Министерството за внатрешни работи (МВР) во рамките на своите надлежности со засилени безбедносни мерки ќе се грижи престојните новогодишни и божикни празници, кога се очекува зголемена раздвиженост на граѓаните и одржување на јавни собири да поминат во најдобар ред.

„Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека по повод претстојните новогодишни и божиќни празници, имајќи предвид дека се очекува зголемена раздвиженост на граѓаните и одржување јавни собири и манифестации, а за обезбедување поволна безбедносна состојба во областа на јавниот ред и мир, криминалитетот, безбедноста во сообраќајот, обезбедување на државната граница, обезбедување на објекти, личности, презема зајакнати мерки и активности по претходно подготвени планови заради благовремено следење и преземање конкретни мерки и активности“, велат од МВР.

За обезбедување на прославите во Скопје, од страна на Секторот за внатрешни работи Скопје се предвидени доволен број полициски службеници од сите единици на СВР Скопје и на МВР.

„На отворен простор прослави ќе се одржат на плоштадот Македонија и на Сквер Јадран, додека на затворен простор прослави ќе има во салата на КК „Работнички“ во Градски парк и во „Метрополис арена“ на Скопски саем за што од страна СВР Скопје се предвидени доволен број полициски службеници од сите организациони единици на СВР Скопје и на МВР.
Исто така, во однос на сообраќајот, од организаторите на посочените манифестации не се доставени никакви барања за какви било ограничувања или, пак, затворање на одредени сообраќајници, односно сообраќајот ќе се одвива тековно и без никакви ограничувања“, стои во соопштението на МВР.

Полициски службеници со зајакнати мерки ќе ги покриваат и сообраќајниците и угостителските објекти, каде што ќе се организира дочек на Нова Година, на територијата на сите сектори за внатрешни работи.

„МВР апелира до граѓаните во текот на прославите на претстојните празници да се воздржат од прекумерна употреба на алкохол, да не управуваат возила под дејство на алкохол, како и да се воздржат од употреба на огнено оружје, петарди и други пиротехнички средства. МВР, исто така, апелира до граѓаните, за евентуалните сознанија и за други видови нарушувања истите да ги пријават на телефонските броеви 192, 199, како и на мејл-адресата на МВР – [email protected]“, велат од МВР.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...