fbpx

На северот на Ирак убиени најмалку 23 лица

-

Најмалку 23 лица, меѓу кои 15 цивили, денеска се убиени во три синхронизирани бомбашки напади на пазар во градот Гогјали, на северот на Ирак, соопшти ирачката војска.

Како што се наведува во соопштението, во терористичкиот напад, за кој одговорност презеде Исламска држава, се убиени осум полицајци.

Нападите го извршија бомбаши самоубијци кои се разнеле во автомобили со бомби.

Гогјали се наоѓа во близина на источниот дел на Мосул, кој од 2014 година е под контрола на ИД и за чие ослободување, од 17 октомври годинава, се водат жестоки борби.

Елитните единици на ирачката војска на 1 ноември влегоа во Гогјали за да ги протераат последните џихадисти.

Ирачките сили, со поддршка од меѓународната коалиција под водство на САД, успеаја да преземат контрола над квартовите во источниот дел на Мосул, а ИД и понатаму го држи под контрола западниот дел на градот, каде се водат улични борби.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...