МВР: Вчера 219 возачи биле санкционирани во Скопје, 18 за возење без возачка дозвола

-

На територијата на Скопје вчера биле изречени вкупно 219 казни за возачи во рамките на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Полициските службеници за возење без возачка дозвола изрекле 18 санкции, 10 за непочитување на брзината на движење, 9 санкции за возење под дејство на алкохол, 8 за минување на затворен семафор (црвено светло), 10 мерки за нерегистрирани и технички неисправни возила, 18 за користење на мобилен телефон.

„Изречени се и 62 мерки за непрописно паркирани возила и 13 санкции за неносење заштитна маска. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови“, информираат од МВР.

Од МВР додаваат дека само на подрачјето на општина Центар вчера биле изречени 84 мерки за возачите кои не ги почитувале сообраќајните правила и прописи, но и возеле со нерегистрирани и технички неисправни возила. Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Собирам пари за УКИМ“ – уметничка акција за истакнување на проблемите на студентите

Студентите кои денеска ги запишуваа своите трети, петти и седми семестри на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) налетаа на необична глетка - предмети како монитори, книги, јакни и...