fbpx

МВР објави видеоснимка од апсењето на првоосомничениот во „Чекан“

-

Министерството за внатрешни работи (МВР) објави видеоснимка од апсењето на Ф.А. (49), првоосомничен во случајот „Чекан“, кој два месеци се криеше од органите на прогонот.

„Врз основа на претходно добиени оперативни сознанија, изминатиот период МВР направи дополнителни проверки и го лоцираше осомничениот, а беше подготвен и план за негово приведување. Поради сомнежите дека станува збор за опасно лице, беа ангажирани поголем број полициски службеници, кои влегоа во објектот и без поголеми проблеми или ризик по нивните животи или животот на осомничениот, истиот беше обезбеден и спроведен во Истражниот затвор „Скопје“, стои во соопштението на МВР.

При претресот на куќата во која се криел осомничениот, полицијата пронашла 2.115 евра, околу 400 американски долари, 10 швајцарски франци, околу 12.000 денари, еден пиштол, седум куршуми, два мобилни телефони, повеќе СИМ-картички и една актовка со повеќе документи, која била запечатена и допнително ќе се проверува.

МВР, во полициската акција „Чекан“, на почетокот од декември минатата година, поднесе кривични пријави против 19 лица осомничени дека се членови и помагачи на криминална група, предводена од Ф.А., која од 2008 година дејствувала во Гостивар.

Осомничените членови на групата се товарат за злосторничко здружување, лихварство и за перење пари.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Грузиската полиција со водени топови и солзавец ги разби демонстрантите против законот за „странски агенти“

Грузиските безбедносни сили употребија водени топови, солзавец и шок-бомби против демонстрантите пред парламентот доцна во вторникот, остро ескалирајќи ја репресијата откако пратениците дебатираа за нацрт-законот за „странски агенти“, кој...