fbpx

Уапсен првоосомничениот во случајот „Чекан“

-

Гостиварецот Ф.А., осомничен како организатор на криминалната група што беше разбиена во полициската акција „Чекан“, по речиси двомесечно бегство од органите на прогонот, денеска бил уапсен, потврдуваат од МВР.

Неофицијално, првоосомничениот во „Чекан“ бил пронајден и уапсен во куќа во Гостивар, чии сопственици биле во странство.

МВР, во полициската акција „Чекан“, на почетокот од декември минатата година, уапси 15, од вкупно 19 лица, осомничени дека се членови и помагачи на криминална група, која од 2008 година дејствувала во Гостивар.

Осомничените членови на групата се товарат за злосторничко здружување, лихварство и за перење пари.

Во полициската истрага, преку финансиска анализа, било утврдено дека првоосомничениот од групата, како главен организатор, успеал да пушти во оптек околу 862.000 евра стекнати со криминални активности.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Старо обраќање на Црвенковски од пред три години прикажано како ново пред изборите

Пред изборите кои се одржаа на 8 мај 2024 година, Црвенковски немал никакво обраќање ниту порака испратена до власта. Црвенковски испратил порака дека Македонија е корумпирана држава, но тоа не...