fbpx

МВР најави нов начин за издавање на личните карти од понеделник

Секој граѓанин ќе може секој ден во кој било дел од денот да си ја подигне личната карта од месно надлежната полициска станица

-

Од понеделник ќе се воведе нов систем за издавање на личните карти, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).

Имено, од понеделник (11.03.2024), личните карти ќе може да се подигнат секој ден од неделата во кој било период од денот од месно надлежните полициските станици според место на живеење.

Ваквата промена е донесена по извршената анализа на успешноста на доставата на лични карти на домашна адреса на граѓаните на територија на град Скопје.

„Анализата доведе до заклучок дека доставата на лични карти е нецелосна, несеопфатна и недоволно ефикасна, а истовремено го нема посакуваниот ефект и кај граѓаните и кај полициските службеници кои беа задолжени за достава“, соопштува МВР.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Руско Министерство за одбрана: Соборени 68 украински беспилотни летала над Краснодар и Крим

Армијата синоќа пресретнала 68 украински беспилотни летала во јужниот руски крај Краснодар и Крим, соопшти руското Министерство за одбрана. Според тоа министерство, 66 беспилотни летала биле соборени над територијата на...