fbpx

МојТермин е повторно во функција, се закажуваат термини за прегледи во септември

-

Согласно епидемиолошката состојба со вирусот ковид-19 во државата, веќе може да се закажуваат прегледи и интервенции во електронскиот систем МојТермин. Сите јавни здравствени установи веќе ги креираат термините за прегледи и интервенции во септември, информираат од Министерството за здравство.

„Согласно изготвениот план за работа, а во соработка со Управата за електронско здравство, ќе бидат повикувани пациентите чии прегледи беа откажани изминатиот период. Исто така, сите елективни хируршки програми, кои беа претходно одложени поради состојбата со пандемијата од ковид-19, ќе бидат реализирани согласно изготвените планови и протоколи на стручните колегиуми“, велат од ресорното министерство.

Како што посочуваат оттаму, закажаните прегледи ќе се спроведуваат согласно претходно подготвениот план и протокол за работа на установата, со задолжително користење лична заштитна опрема од вработениот персонал на сите нивоа на здравствена заштита, почитување на физичка дистанца и негрупирање.

Во здравствените установи ќе биде дозволен влез на лица со специјалистички и супспецијалистички упат 15 минути пред закажаниот термин за преглед, при што ќе биде дозволен влез само на уште еден придружник со задолжително носење заштитна маска на пациентот и придружникот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...