fbpx

Могерини и Коѕиас изразија загриженост за случувањата во Македонија

-

Инцидентите и случувањата во Македонија се најдоа на агендата на разговори на грчкиот шеф на дипломатијата, Никос Коѕиас, и високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската унија, Федерика Могерини. Коѕиас и Могерини се сретнаа на маргините на редовниот состаник на министри за надворешни работи на НАТО во Анталија.

Од грчкото министерство за надворешни работи информираат дека на средбата Коѕиас и Могерини изразиле заедничка загриженост за последните случувања во Македонија. Двајцата министри разговарале општо за случувањата во Југоисточна Европа, кипарското прашање и за продолжувањето на преговорите за Кипар, ситуацијата во Украина. Станало збор и за идниот совет за надворешни работи и за самитот во јуни. Коѕиас ја информирал Могерини и за исходот од разговорите во Турција.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Борел и Вархеји: Изборите беа демократски спроведени

Во заедничка изјава, потпретседателот на Европската комисија и висок претставник на Европска Унија за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји го поздравуваат...