fbpx

Министрите за надворешни работи на ЕУ повикаа на единство против тероризмот

-

Министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ, на состанокот во Брисел, повикаа на единство во борбата против тероризмот, по терористичките напади во Париз.

Високата преставничка за надворешна политика и за безбедност на Европската унија, Федерика Могерини, изјави дека нападите во Париз, за кои одговорност презеде Исламска држава, не се напади на една земја, туку напади на Европа и на цивилизацијата.

Могерини ги повика членките на ЕУ да ги обединат силите, како и дипломатските, економските и воените напори во борбата против Исламска држава.

Шефот на белгиската дипломатија, Дидие Рејндерс, се согласи дека постои потреба за поинтензивна размена на разузнавачки информации.

Министерот за надворешни работи на Луксембург, Жан Аселборн, чија земја моментно претседава со ЕУ, предупреди дека не треба да се мешаат прашањата на тероризмот и миграцијата, во време кога Европа се бори да се справи со најголемиот прилив на бегалци по Втората светска војна.

Министрите за внатрешни работи на ЕУ, в петок, во Брисел ќе одржат итен состанок на кој ќе расправаат за проблемите со безбедноста што дојдоа до израз по нападот во Париз.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.