fbpx

Министерство за здравство: Ковид-центрите се изградени по највисоки безбедносни стандарди

-

Откако изутринава се појавија информации во медиумите и на социјалните мрежи дека пропусти при градбата може да се причина за пожарот во модуларната болница во Тетово, Министерството за здравство ја информира јавноста дека сите 19 модуларни ковид-болници во државата, се типски објекти, градени по највисоки медицински и безбедносни стандарди, велат оттаму.

„Модуларните ковид центри, вклучувајќи ја и болницата во Тетово се отворени после технички прием. При градбата на сите модуларни болници, вградените материјали се сертифицирани. Министерството за здравство информира дека ковид центарот во Тетово е проектиран со три влеза, ходниците се широки 2,4 метри а парапетите на прозорите се ниски во случај на евакуација. Во објектот не е користено дрво и запазени се сите други потребни елементи за заштита. При пуштање во употреба, направен е уреден технички прием. При градбата има уредно документирани записници за незначителни технички забелешки – силиконирање лајсни на подот, нивелирање на сифон во тоалет, продолжување на дел од олуците. По овие барања, е постапено и истите се санирани пред пуштање во употреба и хоспитализација на пациенти. Овие документи ќе бидат доставени на увид на јавноста и медиумите уште денеска“, соопштуваат во министерството.

Оттаму додаваат дека ковид центарот во Тетово ги поседува и сите потребни сертификати за заштита при несреќи. Апелираат да не се шпекулира со ваквите информации.

„Министерството за здравсто очекува експертите и истражните органи што побрзо да го истражат случајот за оваа страотна несреќа. Сите аспекти на случајот да бидат предмет на темелна и брза истрага и секако одговорност доколку истрагата го покаже тоа. Самите модуларни ковид центри беа и сè уште се клучни во справување со пандемијата и хоспитализацијата на пациенти. Истите се градени по највисоки стандарди, а набавката која министерството за здравство ја правеше е согласно стандардите за ваквите болници кои се користат во многу земји во светот“, велат во министерството.

Инаку во време на изградбата на модуларната болница во Тетово, уште во април годинава, Порталб ги контактираше сите надлежни институции во врска со нејзиното пуштање во употреба кое доцнеше.

На прашањата на новинарите сите надлежни одговорија дека си ја завшиле својата работа. Во Клиничка болница во Тетово тврдеа дека ги завршиле сите нивни задачи и дека чекале на општината и на министерството. И во општина Тетово го тврдае истото, а во министерството за зравство одговорија дека клиничката болница е таа што требало да ја пушти во функција модуларната болница. Во компанијата „Брако“, пак, изјавија дека тие ја завршиле нивната работа и дека немаат информации зошто сè уште не е ставена болницата во функција.

Неодамна, во втората половина на август, беше избегната голема трагедија откако околу 120 ковид пациенти кои биле хоспитализирани во тетовската Клиничка болница, можеле да останат без кислородна поддршка кога непознат сторител оштетил цевка со која болницата се снабдувала со кислород.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...