Сочувство од словенечкиот и од српскиот претседател по трагедијата во Тетово

Претседателот Стево Пендаровски на одбележувањето на Илинден пред „Македониум“ во Крушево. Фото: Кабинет на претседателот, 2 август 2021

Претседателот Стево Пендаровски денеска телефонски разговарал со претседателот на Република Словенија, Борут Пахор, при што првиот човек на Словенија во свое лично име и во име на граѓаните на Република Словенија изрази најдлабоко сочувство до семејствата и блиските на загинатите во синоќешниот пожар во модуларната болница во Тетово и посака побрзо опоравување на повредените, соопшти Кабинетот на Претседателот на Северна Македонија.

Во разговорот, словенечкиот претседател истакна дека Република Словенија е подготвена да понуди секаква помош доколку е потребна.

Помош по трагичниот настан во Тетово понудил и претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, изразувајќи сочувство за загубените животи, известува Кабинетот на македонскиот претседател.