fbpx

Милер: Ќе биде многу здодевно ако Роналдо повторно ја освои „Златната топка“

-

Во борбата за „Златната топка“ останаа уште само тројца фудбалери. Веќе сме навикнати на Кристијано Роналдо и на Лионел Меси, кои секоја година се во игра за престижната награда на ФИФА и на „Франс фудбал“, но годинава друштво на најголемите ѕвезди на Реал Мадрид и на Барселона ќе им прави репрезентативниот голман на Германија и на Баерн Минхен, Мануел Нојер.

Минатата сезона наградата „Златна топка“ заврши во рацете на Кристијано Роналдо, а и годинава Португалецот е прв фаворит. Меѓу тие што не го симпатизираат фудбалерот на кралскиот тим е и Томас Милер, тимскиот колега на Мануел Нојер.

– Јас не сум за тоа Роналдо повторно да ја освои „Златната топка“. Тоа ќе биде премногу здодевно. Нојер е фантастичен во изминатите неколку сезони и ја заслужува престижната награда. Го освои пехарот кој е наменет за светскиот шампион и нема ништо случајно во тоа што е помеѓу тројцата кандидати за престижната награда – изјави Томас Милер.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...