fbpx

Мицотакис: „Истополов брак е дел од нашата стратегија“

„Грчкото општество е многу поподготвено и позрело“, изјави грчкиот премиер во интервју за Блумберг ТВ.

-

„Истополовиот брак ќе се случи во некој момент и е дел од нашата стратегија“, изјави грчкиот премиер Киријакос Мицотакис на интервју за Блумберг ТВ, кој во разговорот додал дека „грчкото општество е многу поподготвено и позрело“.

Последнава деценија е обележана со позитивни легални постапки во однос на ЛГБТИК+ права во Грција.

Во 2015 година се легализираа истополови граѓански заедници, под владата на Сириза, предводена од претходниот премиер Алексис Ципрас. Во 2017 година се изгласа закон за препознавање на родов идентитет на лични документи без претходни предуслови. Во 2018 година се изгласа закон кој им овозможи на истополови граѓански заедници да згрижуваат деца. Во 2021 година Мицотакис формираше комисија за изработка на решенија за подобрувањето на ЛГБТИК+ права.

Покрај овие мерки, сепак постојат општествени сили кои им се спротивставуваат на правата на ЛГБТИК+ заедницата. Православната црква во 2016 година лобирала пред Врховниот управен суд против легализацијата на истополови бракови. Дополнително, крајната десница често се активира против ЛГБТИК+ заедницата: во 2018-та и 2019-та се организираат „стрејт паради“, а крајнодесничарските партии во грчкото собрание како „Златна зора“ редовно гласа против какви било реформа во врска со рамноправноста по основа на род или сексуална ориентација. Грчката јавност исто така го памти убиството на Зак Костопулос, ЛГБТИК+ активист и дрег изведувач, на среде бел ден на проминентна улица во Атина.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Европска недела на имунизација: Слушајте ги научниците, а не дезинформациите

Во Градскиот парк во Скопје денеска се одбележа Европската недела на имунизација, со повици за поголема вакцинација. Евроамбасадорот Дејвид Гир рече дека повеќе од 50 години вакцините кои ги примил...