fbpx

Меркел и Оланд ќе разговараат за кризата со мигрантите

-

На денешниот состанок во Берлин, францускиот претседател Франсоа Оланд и германскиот канцелар Ангела Меркел ќе разговраат за кризата со мигрантите, соопштија од Елисејската палата.

Во соопштенето се додава дека мерките усвоени кон крајот на јуни не биле доволни и брзи за надминување на проблемот. Претходно германскиот вицеканцелар Зигмар Габриел и шефот на германската дипломатија Франк Валтер Штајнмаер оценија дека политиката спрема бегалците треба да биде единствена во Европската унија со цел тие правилно да бидат распоредени низ земјите членки на Унијата. Меркел и Оланд исто така ќе се сретнат со украинскиот претседател Петро Порошенко со кој ќе разговараат за повторното влошување на ситуацијата во источна Украина.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...