fbpx

Изборна математика: 3+3+3 за ДИК и 2+2 за Избирачкиот список

-

Работните групи на политичките партии, потписници на Договорот од Пржино, денеска ќе немаат средба, а продолжуваат утре со прашањата околу Избирачкиот список и гласањето на дијспората.

Како што објави „Мета“ најголемите политички партии се договорија околу изборот на членови на ДИК и го прифатија предлогот на СДСМ според кој тие ќе се бираат по формулата 3+3+3, односно тројца членови да бидат на предлог на власта, тројца од опозицијата и на нив да им се приклучат тројца експерти кои ќе бидат бирани со двотретинско мнозинство во Собранието.

Политичките партии се уште се далку од договор за гласањето на дијаспората и имаат мал напредок околу прашањето за Избирачкиот список.

Според извори во работните групи дознаваме дека СДСМ е за активна регистрација на гласачите, со задолжително пријавување. ДПА имаат предлог, пријавувањето на гласачите во избирачкиот список да биде комбинирано. Тоа значи, тврдат нашите извори, во рок од четири месеци, два месеци да се прави теренски попис на полнолетните граѓани, од врата на врата, а два месеци да биде оставен простор за задолжителна регистрација.

Изворите за „Мета“ велат дека ДУИ се за сегашниот избирачки список со негово прочистување, а ВМРО-ДПМНЕ иако начелно прифатиле активна регистрација, досега не се изјаснила за нејзиниот начин (дали да биде задолжителна или не), иако се наклонети и кон предлогот на ДУИ за проветрување на избирачкиот список.

Прашањето за дијаспората досега не е мрднато од мртва точка и партиите стојат цврсто на своите ставови. ВМРО-ДПМНЕ е за да остане досегашниот принцип на гласање на дијаспората во три изборни единици, а СДСМ е дијаспората да гласа, но важноста на гласот на иселениците да биде ист со оној на гласачите кои живеат во Македонија.

Исто така, далеку од договор е прашањето околу изборот на специјален јавен обвинител. СДСМ се залага за обвинител како посебна институција, независна од Јавното обвинителство и со ингеренции кои ќе бидат посочени во нов специјален закон, дедека ВМРО-ДПМНЕ е за избор на обвинител во рамките на постоечкото Обвинителство и постоечкиот закон.

 

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Тенденциозно и без докази се обвинува дека Украина и Западот стојат зад терористичкиот напад во Москва

Одговорноста за нападот во Москва ја презеде милитантната група Исламска држава (ИСИС). Ден по нападот, на 23 март, ИСИС објави фотографија од четворицата напаѓачи. На 24 март, пак, ИСИС...