fbpx

Меркел ѝ должи на својата партија 9.500 евра

-

Германската канцеларка Ангела Меркел ѝ должи на својата партија Христијанско-демократска унија, 9.500 евра за членарина, објави неделникот „Билд ам зонтаг“.

Весникот објаснува дека долгот настанал бидејќи партијата не ја известила Меркел дека се промениле прописите, според кои таа мора да исплаќа повеќе за членарина.

Портпаролката на партијата потврди дека Меркел должи за членарина, но не сакаше да го открие износот.

Таа додаде дека Меркел не е виновна за долгот затоа што не била известена за промената на прописите.

Од промените на прописите во 2013 година, членовите на владата мораат да ѝ плаќаат на својата партија шест отсто од своите месечни плати кои ги добиваат од парламентот, додека пред тоа членарината беше фиксна.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Амнестијата за „Хашките случаи“ е направена во 2011 година од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Во јули 2011 година Собранието со гласовите на тогашното владејачко мнозинство изгласа амнестија за четирите „Хашки случаи“. Тогаш парламентот со 63 гласа „за“ и 29 „против“ (опозициски пратеници) го усвои...