Во центарот на Скопје се организира марш за поддршка на бегалците, на кој присуствуваше и француската амбасадорка во земјава, Лоренс Оер.
Настанот е во организација на Хелсиншкиот комитет за човекови права, а активистите на улица носеа транспаренти на кои пишуваше „Сите сме дојдени од некаде“ и „Македонија, земја на хумани и солидарни луѓе“.