fbpx

Макрон, Меркел и Обама со критики кон Трамп за повлекувањето од Парискиот договор

-

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа соопшти дека САД ќе се повлечат од Парискиот договор за климатските промени од 2015 година бидејќи, како што рече, договорот е штетен за американската економија и побара нов договор.

– За да ја исполнам мојата света должност да ја заштитам Америка и нејзините граѓани, САД ќе се повлечат од Парискиот договор, но ќе почнат преговори или за промени на Парискиот договор или за сосема нов договор под услови што ќе бидат фер за САД, нивните бизниси, нивните работници, нивниот народ, нивните даночни обврзници – рече Трамп.

Ваквата одлука веднаш предизвика реакции во меѓународната заедница. Германската канцеларка Ангела Меркел изрази жалење поради одлуката на Трамп, но истакна дека ќе продолжи со напорите да се зачува „нашата света Земја“.

Францускиот претседател Емануел Макрон остро ја отфрли идејата дека се можни нови преговори за Парискиот договор за климатски промени, додавајќи дека одлуката на Трамп е штетна за граѓаните на САД.

– Вечерва ви кажувам одлучно: Нема да отвориме нови преговори за помалку обврзувачки договор. Нема шанса – рече Макрон.
И поранешниот американски претседател, Барак Обама, во одбрана на договорот изјави дека одлуката на Трамп покажува „отсуство на американското предводништво“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Пендаровски и Џафери со честитки по повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот

Премиерот на преодната Влада, Талат Џафери, како и претседателот Стево Пендаровски, упатија честитка до граѓаните по повод 1 Мај - Меѓународниот ден на трудот. „Како држава, треба секогаш да размислуваме...