fbpx

Макрадули: За помалото загадување помогна и времето, но и мерките на владата

-

Факт е дека оваа влада за првпат зборува за темата на загадување и факт е дека годинава имаме значително намалување на бројот на денови со надминување на среднодневните вредности на аерозагадувањето со ПМ10 честичките, истакна на Јани Макрадули, заменик-министер за животна средина и просторно планирање на прес-конференција во Владата, повикувајќи се на станиците на државниот мониторинг систем, со напоменаа дека ги зема предвид оние кои биле во функција.

Макрадули го наведе примерот со Општина Центар во Скопје каде во 2019 година имало 31 ден во кој среднодневните концентрации наа ПМ10 честичките биле над грааничните вредности, во однос на минатата 2018 кога имало 54 денови, во 2017 биле 44, а во 2015 и 2016 година кога имало повеќе денови со загаденост,односно 64 и 63 дена. Слични резултти, според Макрадули, покажуваат и максималните вредности на ПМ10 честичките на истата локација – скопски Центар, каде во 2015 година биле регистрирани максимални 326,5 микрограми на м3, во 2016 288 мг/м3, во 2017 максимални 352,9, во 2018 – 248 мг, додека пак годинава бил забележан драстичен пад од 124, 2 мг/м3.

Слични резултати покажале и мерењата кај Ректоратот, кој важи за една од најзагадените точки во градот. Според податоците кои ги презентираше Макрадули, за разликa од 2016 и 2017 годинa кога мaксималните среднодневни концентрации на ПМ10 честичките кај Ректоратот достигнуваа и до 426 мг на м3, во 2018 беа 283, а годинава 134,2 мг/м3. Иако некои ќе сакаат ова да го објаснат со временските услови и климатските прмени, рече Макрадули, но факт е дека, како што рече, намалување на аерозагадувањето е резултат на заедничката акција на сите.

На овие резултати влијаеле 24-часовните инспекции на терен, според Макрадули, па за првпат се фаќале сторители кои палат кабли или стрништа, во Скопје имало повеќе зеленило, нови паркови, зелени покриви. Заменик-министерот за животна средина ја пофали повисоката граѓанска свест посебно кај помладата популација, која значела не само дополнителен поттик на Владата да ги превзема мерките кои давале резултати туку и со сопствен пример – користењето на еколошки превозни средства, селектирањето отпад и убедувањето на домашните да не користат печки на дрва за греење. Во 108 јавни установи во 36 општини има поставено фотоволтаици и, според Макарадули Македонија е шампион во реформи на енергетска политика, бидејќи го намалила ДДВ-то за парното греење и има ефтина струја.

Според замаеник-министерот, мерките на Владата од планот за чист воздух се комплементарни и се прв стратешки документ донесен од една Влада со мерки што се справуваат директно со изворите на загадувањето.

Макрадули повторно најави замена на системите за затоплување во 45 објекти на градинки и во 29 училишта, а досега биле заменети во четири градинки – во Кисела Вода, Аеродром, Струмица и Кавадарци. До крајот на годината во Струмица нови еколошки системи за затоплување треба да добијат уште два државни административни објекта.

Успехот на мерките на Владата не се гледаат само во намалување на аерозагадувањето туку и во заштедите во буџетот, истакна Макрадули, бидејќи замените на системите за греење на екстра лесно масло во 45 јавни објекти за 3,5 до четири пати или за 450 илјади евра ги намалуваат на буџетските трошоци за греење во овие објекти.

На новинарското прашање каков став има во однос на протестот на скопските средношколци против загадениот воздух и дали го дели мислењето на својот партиски колега и скопски градоначалник Петре Шилегов кој изјави дека ќе им се придружел доколку не бил на пат, а ги смени и двете директорки на скопските гимназии „Орце Николов“ и „Никола Карев“ пораади тоаа што вршеле притисок на учениците да не протестираат,Макрадули изјави дека ги подддржува младите, но ги повика и тие, како и шведската активистка Грета Тунберг да и веруваат на науката и да превземаат мерки против загадувањето за кои науката вели дека се исправни.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...