fbpx

Македонско археолошко друштво: Пратеници овозможуваат легално уништување на културното наследство

Македонското археолошко друштво (МАД) најавува дека в понеделник, во 10 часот пред Собранието јавно ќе го искаже својот револт во однос на предлог на група пратеници за дополнување на Законот за заштита на културното наследство кој се најде во собраниска процедура по скратена постапка

-

Македонското археолошко друштво (МАД) најавува дека в понеделник, во 10 часот пред Собранието јавно ќе го искаже својот револт во однос на предлог на група пратеници за дополнување на Законот за заштита на културното наследство кој се најде во собраниска процедура по скратена постапка. Ваквото законско решение, според МАД, е изработено без вклучување и консултирање на стручната јавност.

„Со предложените измени се овозможува бескрупулозно легално уништување на културното наследство во име на стратешко партнерство и јавен (бизнис) интерес, односно како што е наведено во предложениот текст во име на: „Ефикасна имплементација на Законот за утврдување на Јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (Делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10 д (Делница на автопатот Прилеп– Битола)‟. Апсурдот да биде поголем, понатамошното образложение на Предлогот гласи: „Меѓутоа, нивната реализација може да се соочи со потешкотии поради обврските кои настануваат за изведувачите на работите при наоѓање на археолошко наоѓалиште, односно предмети од археолошко значење во текот на изведување на градежните работи‟, па господата пратеници измислиле „решение со кое го надминуваат проблемот‟, а кое е надвор од секакво здраворазумно однесување на совесни граѓани на оваа држава, уште помалку на пратеници“, велат од МАД.

Од Македонското археолошко друштво додаваат дека пратениците всушност бараат да се занемари заштитата на културното наследство која како темелна вредност е од исто толку голем јавен интерес за државата и нејзините граѓани и се остварува задолжително на територија на целата држава, без исклучок.

„Оттука не смеат да се дозволат било какви отстапки и законски процедури со кои остава простор за уништување на културно наследство, без разлика на инвеститорот и стратешкиот интерес“, се вели во соопштението.

МАД го повикува пратеникот Арбер Адеми, како овластен предлагач, и останатите пратеници предлагачи итно да го повлечат предложеното дополнување на Законот, а „Владата да не дозволи заради бизнис интересите на одредени политички дисиденти да биде инвеститор во уништувањето на заедничкото културно наследство кое треба да го оставиме на идните генерации“.

„Воедно апелираме до пратениците во Собранието да ја разбудат својата свест и совест, да го спречат донесувањето на криминални и штетни измени во Законот за заштита на културното наследство“, велат од МАД, и покануваат претставници од Министерството за култура, Управата за заштита на културното наследство и сите засегнати граѓани да го искажат својот револт в понеделник пред Собранието.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...