fbpx

Магистралниот гасовод кон Битола е завршен 70 проценти

-

Заклучно со јули завршени се нешто повеќе од 70 проценти од градежните и машинските работи на кракот од магистралниот гасовод Неготино – Прилеп – Битола, информираше премиерот Зоран Заев при увидот во градежните работи.

„За само пет месеци се завршени 34 проценти, што претставува исклучителен прогрес. Изградбата која започна во февруари 2017 година треба да заврши до февруари 2020 година, со што практично се исполнува планот за реализација на овој дел од големиот проект за гасификација“, рече Заев.

Тој дополни дека на магистралниот гасовод Неготино – Штип се изведуваат завршните работи, а магистралата Скопје – Тетово – Гостивар се очекува да биде завршена до крајот на следната година.

„Гасот доаѓа се поблиску до индустријата и до граѓаните, со што се отвораат можностите да влеземе во фазата за определување оператори на секундарната мрежа кои ќе треба да го обезбедат преносот и приклучокот на гасот до домаќинствата и до индустриските капацитети по конкурентни цени“, додаде Заев.

Главната мерно регулациона станица Битола е со најголеми капацитет на овој крак со 28 илјади кубни метри гас, што според Заев е особено значајна, бидејќи еден дел од овој гас ќе биде наменет за транзиција на работата на РЕК од производство на електрична енергија од јаглен во процес во кој гасот ќе стане новиот енергенс за производство на електрична енергија.

Директорот на МЕР Бајрам Реџепи соопшти дека според утврдениот план, до крајот на оваа година ќе биде остварено повеќе од 90 проценти од реализацијата на оваа делница и дека во втората половина на наредна година оваа делница ќе биде оперативна и спремна за опслужување за пренос на природен гас.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...