fbpx

Oпфатот на вакцинација со МРП е 99 отсто, исполнета препораката на СЗО

-

Вкупниот број на вакцинирани деца со МРП вакцина (морбили, паротитис и рубеола), од почетокот на епидемијата во јануари, досега изнесува 35.870. На ниво на град Скопје, има само околу 300 деца кои не се вакцинирани, но сепак бројките покажуваат дека проблемот со невакцинирањето главно е решен, вели за „Мета.мк“ Владимир Микиќ од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

– Сепак, морам да потенцирам дека во изминатиов период, колку што трае епидемијата од месец јануари, имавме 1.892 заболени лица од морбили, што е најголема бројка во последните 20 години. Оваа година имавме премногу осетливо население, односно невакцинирани деца. Мерките кои беа преземени вродија со плод, родителите почнаа да се одзиваат на нашите повици за вакцинација. Од опфат од 89 отсто пред епидемијата, сега опфатот е над 99 отсто, а препораката на Светската здравствена организација е 95 отсто – информира Микиќ.

Инаку според неделните извештаи на ИЈЗ во врска со новозаболени пациенти, сѐ уште во здравствените установи се пријавуваат лица со симптоми на морбили. Така, во последниот извештај пишува дека регистрирани во последнава недела се тројца пациенти.

– Според место на живеење случаи на мали сипаници се регистрирани во 24 градови, а најголем број во Скопје – 993. Возраста на заболените е од 1 месец до 63 години. Според вцакциналниот статус, 80, 5 отсто од заболените се невакцинирани или пак, се со непознат вакцинален статус – стои во извештајот на ИЈЗ.

За да биде прогласен крај на епидемија, треба два пати по 12 дена да нема пријавено ниту еден заболен пациент со мали сипаници.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...