fbpx

Лошата изолација најверојатно е причина за пожарот во лондонскиот облакодер

-

Најмалку 12 загинати и 78 повредени е последниот биланс од пожарот во лондонскиот облакодер Гренфел тауер, јавуваат британските медиуми, додавајќи дека 18 лица се наоѓаат во критична состојба.

Градоначалникот на Лондон, Садик Кан, изјави дека бројот на жртвите би можел да се зголеми, имајќи предвид дека сè уште има луѓе што се водат како исчезнати.

Неофицијално, причината за несреќата е лесно запаливата изолација на зградата во која се наоѓаат 120 социјални станови. Сепак, истрагата за несреќата допрва ќе треба да ги открие вистинските причини и дали неквалитетните материјали при реновирањето на фасадата, кое беше завршена завршено минатата година, придонеле за разгорување на пламенот.

– Сега се води комплексна операција што ќе трае повеќе денови – изјави командантот на лондонската полиција, Стујарт Канди, кој рече дека не очекува да бидат пронајдени преживеани.

Пожарот изби вчера, по полноќ, а огнената стихија бргу се проширила низ сите катови од зградата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...