fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: Поради несериозноста на власта, страдаат земјоделците

-

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ во своето утринско соопштение денеска ѝ порача на власта дека мора да преземе итни мерки поради проблемот со откупот на праските, за кои откупувачите плаќаат 20 денари за еден килограм. Минатата година, како што велат од опозициската партија, откупната цена била 35 денари, а откупувачите плаќале и по 50 денари за еден килограм праски од прва класа.

„СДС ја има одговорноста да се грижи за земјоделството и не смее поради несериозниот пристап да страда основна гранка за егзистенција на многу семејства во државата. Земјоделците се соочуваат со сериозен проблем со откупот на праски и ситуацијата е алармантна. Додека Министерството за земјоделство беше раководено од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, во 2016 година за разликата од производствената до продажната цена на некои земјоделски култури се исплаќаа надоместоци што ги покриваа трошоците од временските непогоди кои им штетеа на производите“, порачува ВМРО-ДПМНЕ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...