Лавров се прашува како членството на Македонија во НАТО ја зајакнало безбедноста на Алијансата

-

По Бугарија и Романија, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров вчера го прокоментира и членството на Македонија во НАТО. Наместо „Северна Македонија“, во одговорите на прашањата на програмата „Неделно време“ на државната руска телевизија „Првиот канал“, земјава тој ја именувал како „Македонија“.

На поставеното прашање во врска со проширувањето на НАТО со нови земји-членки и за тоа дали е можност да се зборува за глобален пресврт со нова конфронтација или всушност линијата на Вашингтон не била премногу променета и никогаш не било предвидено пријателство, рускиот министер Лавров одговара:

„Сега најпопуларна тема е дали членките на НАТО (и земјите што сакаат да им се приклучат) имаат право да носат соодветни одлуки без да прашуваат некој друг во евроатлантскиот регион. Во реномирани американски научни списанија се појавија низа написи, во врска со, меѓу другото, и овој аспект. Еден од авторите наведува чл. 10 од Вашингтонскиот договор за основање на Северноатлантската алијанса. Во него се вели: Земјите-членки на НАТО можат да поканат (или не поканат) која било европска земја што не е членка која ги почитува принципите на овој Договор и може да придонесе за зајакнување на безбедноста на алијансата. Еве за што се работи. Нивното право не е само „кого сакам, го поканувам“ – тие треба да видат колку ова додава сигурност на самиот сојуз. Примија земји со чии народи имаме добри односи – Црна Гора, Македонија. Американските автори се прашуваат: како ова ја зајакна безбедноста на НАТО? Каков придонес даваат овие земји за безбедноста на блокот, со оглед на нивните воени и воено-технички ресурси“.

Ваквата изјава на Сергеј Лавров е објавена на веб-страницата на руското Министерство за надворешни работи, а денеска е ре-објавена на македонски јазик на Фејсбук и од Руската амбасада во Скопје.

Инаку, министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска одржа средба со амбасадорот на Руската Федерација во земјава, Сергеј Баздникин.

Како што информираат од македонското Министерство за надворешни работи, на средбата стaнало збор за случувањата во и околу Украина. Министерот Османи повикал на деескалација на состојбите и изнаоѓање решение преку дијалог и дипломатски начин на комуникација, и го повторил ставот дека Северна Македонија го почитува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, во меѓународно признатите граници.

Воедно, Министерот Османи нагласил дека нашето членство во НАТО претставува значајно надворешно – политичко достигнување на земјава, што е израз на наша суверена одлука донесена едногласно во Собранието во 1993 година. Членството на Северна Македонија во НАТО Алијансата претставува гаранција за нашата безбедност, а воедно придонесува и за пошироката регионална безбедност и сигурност. Министерот Османи дополнил дека НАТО е алијанса за колективна одбрана на земјите членки и не претставува закана за Руската Федерација или било која друга земја во светот.

Министерот Османи го реафирмирал повикот до Руската Федерација за отворен дијалог во рамки на Советот НАТО-Русија и во ОБСЕ со цел за унапредување на европската безбедност, што е од заеднички интерес за сите.

На средбата меѓу министерот Османи и амбасадорот Баздникин било дискутирано и за улогата на Северна Македонија како дел од ОБСЕ Тројката и идното претседавање со ОБСЕ во 2023 година.

Порталб: На училиште одлични, на испит преслаби: Што не функционира со државната матура во РСМ?

Дебатата за оценувањето и точноста на државната матура во Северна Македонија е сè уште отворена. Еден од случаите што го истакнува ова е искуството на матурантот Алдин Зендели од Тетово. Иако...

Стапување во брак прерано и развод на млади години: Приказната на 20 годишната девојка од Скопје во екот на зголемувањето на бројот на разводи...

Прераното стапување во брак и го смени животот на 20 годишната М. Садриу од Скопје, која се откажа од студиите поради љубов, но заврши сама, без надеж и разведена по само...

Македонската Еспорт Федерација стана европски шампиот во Дота 2

Македонија и Македонската Еспорт Федерација вчера испиша историја освојувајќи го првото место на Европското првенство во Dota 2, во рамки на European Esports Championship 2025, што се одржа во Приштина. Нашиот национален тим...

Новинарот Гоше Николов ја доби наградата „Гласник на невидливите“ за 2024 година

Новинарот Гоше Николов е добитник на наградата „Гласник на невидливите“ за минатата година, за текстот објавен на Мета со наслов „Револуција во пристапноста: Трансформативната моќ на вештачката интелигенција за лицата со...

Порталб: На училиште одлични, на испит преслаби: Што не функционира со државната матура во РСМ?

Дебатата за оценувањето и точноста на државната матура во Северна Македонија е сè уште отворена. Еден од случаите што го истакнува ова е искуството на матурантот Алдин Зендели од...