fbpx

Средба Петровска-Пич: Со членството на Северна Македонија во НАТО, Балканот е постабилен и побезбеден

-

„Членството на Северна Македонија во НАТО ја зацврсти стабилноста и безбедноста на Балканот, а особено на Западниот Балкан. Со учеството на над 60 припадници на Армијата во НАТО мисијата на Косово, КФОР, придонесуваме во регионалната безбедност и цврсто сме посветени на вредностите на Алијансата како кредибилен сојузник“, рече министерката за одбрана Славјанка Петровска на денешната средба со Стјуарт Пич, специјалниот претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан, кој престојува во својата прва официјална посета на нашата земја по превземањето на оваа функција во декември минатата година.

Пич како одличен познавач на Западниот Балкан, поранешен претседавач на Воениот комитет на Алијансата, изрази задоволство што Северна Македонија повеќе од една година е полноправна членка на Алијансата. Тој го поздрави фактот што Северна Македонија ја заврши воената интеграција во само 19 месеци, што е рекордно брза воена интеграција во историјата на НАТО.

Министерката Петровска и специјалниот претставник на Обединетото Кралство на средбата разговараа и за билатералната одбранбена соработка помеѓу двете земји, за која се согласија дека е исклучително интензивна и корисна за двете земји, за регионот и за НАТО.

Сер Стјуарт Пич денеска оствари средба и со претседателот Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски.

Тој по посетата на Северна Македонија ќе ја посети и Бугарија, како дел од континуираната посветеност на Обединетото Кралство на стабилноста и просперитетот во регионот на Западниот Балкан.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...