fbpx

Лауреатот Беи Дао се претстави во „Света Софија“ – вечерва завршуваат СВП

-

Со Меѓународниот поетски митинг „Мостови“ што традиционално, секоја година, се одржува на „Мостот на поезијата” на извориштето на реката Црн Дрим од Охридското Езеро, вечерва завршуваат 54-те Стршки вечери на поезијата.

На годинашниот лауреат, кинескиот поет Беи Дао ќе му биде врачен „Златниот венец“, највисокото признание на струшкиот поетски фестивал. Исто така, ќе биде доделена наградите „Браќа Миладиновци“, на макеедонската поетеса Виолета Танчева-Златева за најдобра стихозбирка на македонски јазик – „Година без лето“, објавена меѓу две фестивалски изданија. Наградата „Мостови на Струга што ја доделуваат УНЕСКО и СВП – за најдобар поет-дебитант, годинава ќе ја прими шпанската поетеса Паула Бозалонго.

Добитникот на „Златниот венец“ на 54. Струшки вечери на поезијата кинескиот поет Беи Дао, синоќа имаше свое претставување во црквата „Света Софија“ во Охрид. Самиот тој, потсети дека за него поезијата не е логика, или игра на зборови, туку е камен, кој кога ќе го удриш неколку пати и ќе даде искра. Потсети на неговото учество пред 12 години, кога „Златниот венец“ го доби Томас Транстромер.

Говорејќи за неговото минато, пред присутните во храмот, тој истакна дека животот си го гледа низ долг и темен тунел, на чиј крај е неговото детство.

– Бегање од часови уште од мала возраст, читање, фаќање штурци и медитации во глад. Пекинг е градот каде сум роден и израснат. Културната Револуција изби во 1966 година, војната кога имав само 17 години. Ниту основно училиште не завршив, и се упатив кон варварскиот плоштад. Кога навлегов во младешките години, семето на поезијата, расеано среде билје и бетон, растеше бујно – рече Беи Дао.

Историјата, според него, мора да се движи напред. Денешните школи произлегле од некогашното подземје, и сега испишуваат нова книга од современата кинеска книжевна историја.

– Годината 1989 беше клучна пресвртна точка во светската историја. Животот ме одведе далеку од дома, живеев еден лутачки живот. Во Осло во 1990 година, заедно со пријателите продолживме со издавање на списанието „Денес“. Како капетан кој плови некоја стара и позната мисија, пловевме спроти струјата на поплавата на глобализацијата – додаде Дао.

За поетската уметност на Беи Дао напишани се бројни студии и критики кои користејќи разни приоди се обиделе да ги определат клучните елементи на неговата поетика. Беи Дао е наjистакнатиот кинески поет од својата генерација, еден од главните писатели на модерна Кина. Се родил под името Жао Женкаи на 2 август 1949 во Пекинг, а неговиот псевдоним Бео Дао буквално значи „Северен остров“.

Пред претставувањето на портретот на Беи Дао, учесниците на 54. Струшки вечери на поезијата, ги разгледаа најзначајните споменици на македонската историја и култура во старото градско јадро на Охрид, додека на Плоштадот, пред спомикот на закрилникот на градот – „Свети Климент Охридски“, читаа своја поезија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За една година, бројот на случаи на морбили во светот речиси се удвоил

Бројот на случаи на мали сипаници ширум светот речиси се удвоил од 2022 до 2023 година, покажува ново истражување, што претставува предизвик за напорите за елиминација во многу земји,...