fbpx

Лани МРП вакцина примиле безмалку 50.000 лица

-

Вкупно 49.332 лица се вакцинирани во периодот додека лани траеше епидемијата на мали сипаници во земјава, информираат во Министерството за здравство, по повод Европската недела на имунизација.

„Вакцинацијата е признаена како една од најуспешните и најекономични здравствени мерки во светот. Вакцинацијата спасува милиони луѓе од болести, инвалидитети и смрт секоја година. Достапни се ефективни и безбедни вакцини, кои штитат од голем број сериозни заболувања, а се развиваат и многу нови ветувачки вакцини. Вакцинацијата создава отпорност на организмот кон заболувањата, го спречува ризикот од заболување и ја спречува смртноста од заболувањето. Таа спречува инвалидитет и други последици, допринесува до колективен имунитет, но исто така спречува и појава на епидемии од заразни болести. Ги намалува трошоците за лекување, како и трошоците за боледување, но најважно е дека обезбедува здраво поколение“, пишува во соопштението од министерството.

Согласно преораките на СЗО, министерството во 2019 година, во Календарот за задолжителна имунизација воведе две нови вакцини, вакцина против инфеции предизвикани од ротавируси и против инфекции предизвикани од стрептококус пнеумоние.

Вакцинацијата против рота вируси ги заштитува децата од тешки дијареи предизвикани од овие причинители, пропратени со многу висока температура и дехидратација, како и од комликациите предизвикани од истите.

Вакцинацијата против стрептококус пнеумоние ги заштитува децата од заболувања предизвикани од овој причинител, односно инфекции на увото, синусите, воспаление на белите дробови но и тешки компликации како воспаление на мозочните обвивки (менингитис).

„Со осовременувањето на Календарот за имунизација, рамо до рамо со европските земји, обезбедивме заштита од вкупно 12 заразни болести. Реализирани се неколку едукации и обуки за здравствените работници во соработка со СЗО и УНИЦЕФ. Во однос на актуелната ситуација со новиот Корона вирус и континуираното и тековно спроведување на имунизацијата, уште на самиот почеток, Комисијата за заразни болести и Комитетот за Имунизација донесе препорака дека вакцинацијата треба/мора да се спроведува континуирано, согласно Календарот за имунизација. Оваа препорака се однесува особено на новороденчиња и деца од предучилишна возраст. Секако, согласно препораките да не се групира населението, со цел да се избегне истовремено присуство на голем број лица, во рамките на секој здравствен дом е направена проценка и распоред на вакцинацијата, односно истата спроведува во здравствените домови со претходна покана на децата и со закажани термини“, пишува во соопштението.

Минатата година во Македонија имаше епидемија на мали сипаници, во која од појавата на првите случаи на крајот од 2018 година и одјавата на крајот од 2019 година, вкупниот број на регистрирани случаи на мали сипаници во републиката изнесуваше 1.901 случај и четири смртни случаи. Од почетокот до одјавувањето на епидемијата, вкупно се вакцинираа 49.332 лица.

„Во 21 век, секое дете има право да живее ослободено од болести што можат да се спречат од вакцинирање, но овие болести сè уште претставуваат значителни закани во европскиот регион. Како резултат на тоа, зајакнувањето на имунизацијата останува клучна активност“, се додава во соопштението на министерството.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...