fbpx

Лајчак: Северна Македонија е доверлив партнер на Унијата

-

Премиерот Димитар Ковачевски ги продолжи активностите на Минхенската безбедносна конференција, при што на маргините на настанот оствари средба со претставникот на ЕУ за Западен Балкан, Мирослав Лајчак, информираат во Владата.

„На средбата на која присуствуваше и заменик-претседателот во Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, премиерот Ковачевски го запозна Лајчак со заедничките активности со премиерот на Република Бугарија Кирил Петков за интензивирање на билатералната соработка и за работата на петте работни групи за економија, инфраструктура, култура, ЕУ интеграција и историја коишто имаат задача да изготват патоказ за спроведување на Договорот за пријателство“, стои во соопштението.

Лајчак упатил силна поддршка за интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ и ја оценил нашата земја како доверлив партнер на Унијата. Лајчак изразил и задоволство од досегашните заложби и ги оценил како значаен придонес кон конечната одлука за усвојувањето на Преговарачката рамка и за закажувањето на првата Меѓувладина конференција во мандатот на Франција како претседавач со Европскиот совет.

На средбата станало збор и за унапредувањето на регионалната соработка меѓу земјите од Западен Балкан, меѓу што и за охрабрувачкиот процес „Отворен Балкан“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...