fbpx

Купувале мобилни телефони и стока преку неликвидна фирма

-

Тројца прилепчани, Т.Ѓ. (61), Д.Н. (35) и М.Г. (36), и локална фирма се осомничени дека сториле кривично дело измама, информира полицијата.

Осомничените, според информациите, во текот на мај 2014 година ја презеле локалната фирма „Гризли дан“,и покрај тоа што знаеле дека е неликвидна и неспособна за плаќање.

Сопственик и управител на фирмата првин станал Д.Н., кој заедно со другите склучил претплатнички договор со мобилен оператор, од каде земале шест мобилни телефони и направиле долг од околу 89.000 денари.

По еден месец, како одговорно лице на фирмата бил впишан М.Г., кој заедно со Т.Ѓ. на почетокот на јули потпишал договор за купопродажба на производи од фирма од Берово за сума од околу 261.000 денари, прикажувајќи ја „Гризли дан“ како ликвидна фирма.

Набавената стока пријавените не ја евидентирале во книговодството, со што, според полицијата, стекнале противправна имотна корист од околу 350.000 денари.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Погрешно се тврди дека еден од осомничените за нападот во Москва е чеченскиот милитант Ажиев

Човекот на фотографијата, кој од страна на руските власти беше идентификуван, приведен и изведен пред суд како осомничен за терористичкиот напад во Москва, е Далерџон Мирзоев, државјанин на Таџикистан...