fbpx

Кривична за директорот на „Проаква“, на кафеани потрошил 98.000 евра

-

Струшката полиција поднела кривична пријава против 36-годишниот В.К., кој се товари дека како директор на Јавното претпријатие „Проаква“ за три години потрошил околу 98.000 евра, пари на претпријатието, за угостителски услуги, информираат од МВР.

Според пријавата, осомничениот се товари за несовесно работење во службата.

„Пријавениот, во текот на 2013, 2014 и на 2015 година, во својство на директор во МЈП „Проаква“ Струга, со несовесно работење и со трошење на средствата за угостителски услуги, на јавното претпријатие му нанел вкупна материјална штета од 6.001.442 денари. Пријавениот ги исплаќал парите исклучиво за користење на угостителски услуги, претежно од ресторани од Струга“, стои во информацијата на МВР за случајот.

Од увидот во книговодствената и во правната служба на „Проаква“, полицијата утврдила дека од сметката на подружниците „Водовод“ и „Колектор“, за угостителски услуги или репрезентација, во текот на целата 2013 година биле потрошени околу 2,3 милиони денари или околу 37.000 евра.

За истата намена, во 2014 година биле потрошени 2,2 милиони денари, односно 36.000 евра, додека во 2015 година за угостителски услуги или репрезентација, од сметката на Јавното претпријатие биле платени 1,5 милиони денари или околу 24.000 евра.

Од полицијата додаваат дека при извршениот увид во финансиските картички, дополнително било утврдено дека дел од фактурите доставени од угостителски објекти ги немале потребните печати и штембили.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...