fbpx

Коѕиас телефонски разговарал со Заев

-

Шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас, вчера телефонски разговарал со лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Веста за телефонската комуникација меѓу Коѕиас и Заев ја соопшти грчкото Министерство за надворешни работи.

Според проценките во грчките медиуми, се работи за симболичен политички гест од грчка страна. Телевизијата „Скај“ коментира дека ова е политички гест кој ја покажува стратешката реалистичност на грчката дипломатија.

Коѕиас пред една недела имаше средба и со македонскиот министер за надворешни работи, Никола Попоски, на маргините на неформалниот самит на министрите за надворешни работи на ЕУ. Шефот на грчката дипломатија по насилните инциденти во македонското собрание испрати пораки дека Грција се залага и ја поддржува стабилноста во Македонија, како и дека е неопходно сите политички актери во Македонија да се однесуваат во согласност со демократските принципи и вредности.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Пратеници, градоначалници, фирми, граѓани – Кој колку пари донирал за кампањата на претседателските кандидати?

Некој по 500 денари, некој по 100.000 денари, а некој по 300.000 денари. Донации за кампањите за претседателските избори пристигнувале од пратеници, градоначалници, членови на партии или пак преку...