fbpx

Коѕиас ги заладува односите и Ципрас и со Македонија?

-

Напукнуваат ли добрите врски меѓу грчкиот премиер Алексис Ципрас и министерот за надворешни работи Никос Коѕиас? Грчкиот весник „То Вима“ повикувајќи се на владини извори пренесува дека климата меѓу владиниот кабинет и грчкото Министерство за надворешни работи е заладена поради контрадикторниот однос на шефот на грчката дипломатија во врска со владините политики и одлуки за комуникација со македонската влада, но и неговата тактика да се држи понастрана од бегалското прашање.

Изминатиот период грчкиот шеф на дипломатијата речиси исчезна од јавната сцена. Нема изјави, ниту интервјуа, иако во Грција состојбата со бегалците е критична, а грчкото Министерство за надворешни работи е едно од одговорните за справување со ситуацијата и со ова клучно прашање од национален интерес за државата.

Она што е особено проблематично за Ципрас, според анализата на „Вима“, е тактиката на Коѕиас кон Македонија по одлуката да се ограничи, а потоа и затвори македонско-грчката граница за слободен проток на бегалци кон Европа. Наводно вознемирен од одлуката, Коѕиас изминатиов месец и половина одново има кренато ѕид во комуникацијата со македонските власти, заладувајќи ги односите кои само што почнаа да одат во нагорна линија со зачестени средби и комуникација меѓу двете влади. По негова наредба дипломатската комуникација меѓу двете страни периодов се смета дека е речиси целосно замрена.

Ваквиот однос на Коѕиас кон Македонија во Грција се оценува како изненадувачки ако се земе предвид дека тој од самиот старт ја поддржуваше идејата за зачестена комуникација, развивање на добрососедството и градење на доверба, што и го покажа преку одлуката да се договорат мерки за градење на доверба меѓу двете држави. Особено незадоволство се чини дека постои и кај грчката, но и кај македонската страна по одлуката на Коѕиас да се оди спротивно на договорот меѓу премиерот Ципрас и македонскиот претседател, Ѓорге Иванов за прием на македонски советници во Атина, но и ненадејната одлука во последен момент да се откаже третата рунда разговори и состанок на работните групи на Македонија и Грција за спроведување на мерките за градење на доверба.

За овој случај минатата недела кон грчката влада критика упати претседателот Иванов во неговото интервју за телевизијата „Стар“, каде потенцираше дека иако се договорил да испрати свои советници на консултации во Атина околу бегалската криза, грчкото МНР одбило да ги прими.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...