fbpx

Ковачевски-Вархеји: С. Македонија треба што поскоро да е дел од ЕУ, процесот на евроинтеграции се очекува да продолжи

Ковачевски истакнал дека процесот на евроинтеграции не треба да се блокира, пред сѐ имајќи предвид дека тоа е спротивно на волјата на граѓаните, но и поради фактот дека стопирањето на евроинтеграцискиот процес поради неисполнување на обврските од преговарачката рамка, ќе ги закочи и сите процеси на економски и социјален развој

-

Европските челници и регионалните лидери од Балканот утре на заедничка маса во Тирана ќе разговараат како земјите од Западен Балкан да ги искористат поволнотстите на Унијата пред полноправно членство.

Во Тирана патува шефицата на Европската комисија Урсула Фон Дер Лајен и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, а ова е првпат состанок на Берлинскиот процес да се одржува во една од земјите во регионот на Западен Балкан.

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски, денеска во Тирана остварил работна средба со Вархеји. На средбата како дел од владината делегација учествувал и вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ.

Од Владата информираат дека на средбата била потврдена цврста поддршка на ЕУ за проширувањето со земји од Западен Балкан и било истакнато дека Северна Македонија, како партнер од доверба и земја која последните шест години направила огромен исчекор во возобновување и развој на демократијата и демократските процеси, треба што поскоро да е дел од Европската Унија.

„Премиерот Ковачевски истакна дека процесот на евроинтеграции не треба да се блокира, пред сѐ имајќи предвид дека тоа е спротивно на волјата на граѓаните, но и поради фактот дека стопирањето на евроинтеграцискиот процес поради неисполнување на обврските од преговарачката рамка, ќе ги закочи и сите процеси на економски и социјален развој неопходни за приближување на македонското општество до европските стандарди на живот“, се вели во владиното соопштение.

На средбата премиерот Ковачевски истакнал дека фокусот на Владата е насочен кон перспективата за членство во ЕУ и дека Владата останува посветена на европската агенда, имајќи го предвид фактот дека за членството во ЕУ има висока поддршка од граѓаните. Соговорниците изразиле надеж дека „сите политички чинители ќе ја имаат предвид неповторливата шанса за придвижување на земјата напред и ќе го исполнат барањето на граѓаните, земјата да стане полноправна членка на ЕУ“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ако се знаеле грешките, тие требало да бидат исправени до изборите

Изјавата на потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, иако искрена и можеби вистинита за тоа каде се лоцирани грешките во СДСМ за лошиот резултат, сепак е недоследна. И од аспект...