Теренски автомобил со соларни панели заврши тест возење од 1000 километри

Колата „Стела Тера” која има две седишта и е дизајнирана од студенти на Технолошкиот универзитет во Ајндховен, го заврши патувањето низ различни предизвикувачки пејзажи како дел од последниот тест

фото: A. L., Unsplash

Првиот автомобил на соларна енергија кој треба да вози надвор од патишта и на долги растојанија без полнење, го заврши тест возењето низ Мароко и Сахара од 1000 километри, соопштува Гардиjaн.

Колата „Стела Тера” која има две седишта и е дизајнирана од студенти на Технолошкиот универзитет во Ајндховен, го заврши патувањето низ различни предизвикувачки пејзажи како дел од последниот тест.

Автомобилот троши енергијата обезбедена од повеќе соларни панели поставени на  покривот и има максимална брзина од 145 килонетри на час. Во сончеви денови, колата би требало да извози најмалку 710 километри.

Менаџерот на Соларниот тим Ајндховен, вели дека користената технологија, дополнувајќи ја лесната рамка со високоефикасни соларни панели, е една деценија понапред од сè друго на пазарот.

„Колата мора да ги издржи суровите услови на возењe надвор од рамни патишта и да останува ефикасна и доволно лесна за да се напојува од сонцето. Затоа моравме сами да дизајнираме речиси сè за колата, од суспензијата до инвертерите за соларните панели. Ги поместуваме границите на технологијата”, вели тој.

Студентите се надеваат дека ова ќе биде инспирација за производителите на автомобили да ја направат индустријата еколошки посвесна.

Брит ван Хулст кој е финансиски менаџер на проектот, вели дека има уште работа да се заврши пред дизајнот да излезе на пазарот, но дека колата нуди нови алтернативи кои производителите на автомобили можат да ги истражуваат.

Најголемиот предизвик за дизајнерите кои сакаат да градат автомобили на соларна енергија е ограничената површина на која може да се постават панелите. Високо ефикасните панели кои можат да генерираат доволно енергија за напојување возила на долги растојанија се скапи за производство.

Тимот на колата Стела Тера, се потпирал на спонзори за буџетот, а нејзината цена не е позната.