fbpx

Ковачевски со честитки до тајвански „Јагео“ за најавената инвестиција од 205 милиони евра

Тајвански „Јагео“, од 2019 година е сопственик и на Кемет Електроникс, кој со инвестиција е присутен во македонските слободни економски зони од 2012 година

-

Премиерот Димитар Ковачевски, во видео обраќање, упати честитки до менаџментот на тајванската корпорација „Јагео“ и директорот на Технолошко-индустриските развојни зони, Јован Деспотовски, по повод најавите за нова инвестиција на „Јагео“ во зоните во Скопје и Штип во доменот на електрониката.

Според Ковачевски оваа инвестиција претставувала најголемата гринфилд инвестиција од осамостојувањето на нашата земја со вредност од 205 милиони евра и ќе креира над 3.900 нови работни места.

Ковачевски потсети дека „Јагео“ е водечка мултинационална компанија за производство на електронски компоненти со силно глобално присуство и производствени капацитети во Азија, Европа и Америка.

„Електронските компоненти кои ги произведуваат и кои што се еден од светските најдобри производители за чип-отпорници и тантал кондензатори се користат за авионската и автомобилска индустрија, 5G и телекомуникации, индустрија, медицина, управување со енергија, зелена енергија и слично“, рече Ковачевски.

Според премиерот, проектот на „Јагео“ е резултат на новиот концепт на поттикнување на инвестиции во Технолошко-индустриските развојни зони, што нашата земја ја поставува на мапата на инвестициски дестинации со капацитет и услови да реализира висококвалитетни инвестиции.

Ковачевски посочи дека во последните две години се постигнати договори за инвестиции од над 650 милиони евра. А, со оваа инвестиција надминуваме износ над 850 милиони евра.

„Имаме над 16.500 вработени во зоните што е за над 10.000 работници, само од 2017 година досега. Во првиот квартал имаме речиси една милијарда евра извоз што е највисоко ниво во последниве 5 години. Само минатата година компаниите во зоните достигнаа највисоко ниво на извоз од 3,7 милијарди евра на годишно ниво“, рече Ковачевски.

Инаку, тајвански „Јагео“, од 2019 година е сопственик и на Кемет Електроникс, кој со инвестиција е присутен во македонските слободни економски зони од 2012 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Грузиската полиција со водени топови и солзавец ги разби демонстрантите против законот за „странски агенти“

Грузиските безбедносни сили употребија водени топови, солзавец и шок-бомби против демонстрантите пред парламентот доцна во вторникот, остро ескалирајќи ја репресијата откако пратениците дебатираа за нацрт-законот за „странски агенти“, кој...